Во ски-центарот „Копанки“ на Пелистер, стартуваше скијачката сезона
Со промотивно бесплатен ден во ски-центарот „Копанки“ на Пелистер, стартуваше скијачката сезона. Високите ноќни температури и повремениот дожд на моменти го доведуваа во прашање денешниот почеток. Но, скијачката глад посилна од временските услови …

Обилните наслаги од снег кои на делови од ски-центарот „Копанки“ достигнуваат и до над 1,5 метар одолеаја на позитивната температура и повремените врнежи од дожд. Иако одлично подготвената патека ги изгуби некои перформански, скијачкиот глад на неколку стотината љубители на скијањето, посилен од временските прилики.
Од ЕСМ Молика велат цените се прилагодени на економските состојби. Дневен билет за деца е 300 денари и 500 за возрасни, сезонскиот билет чини околу 6.000 денари. Освен на ценовникот, посебно внимание е посветена и на безбедноста на скијачите.
Нашата најјужна планина со алпски карактеристики и денеска покажа дека за еден час можат да се сменат четири годишни времиња и дека таа е онаа кој ги диктира подолгорочните планови.
За битолските планинари мелем на раната е и тоа што по над една деценија опожарениот планинарски дом „Копанки“ е изграден до карабина и идната сезона се очекува да ги прими старо-новите друштва.
Стевче Митревски
