Временска прогноза

Променливо облачно со врнежи од дожд

08.12.2024 08:31

Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, пообилни во западните делови (над 15 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег...

Променливо облачно, претпладне со услови за магла по одделни котлини. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, пообилни во западните делови (над 15 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а попладне вдолж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -3 до 5 степени, а максималната од 7 до 13 степени.

Во Скопје променливо облачно, претпладне со услови за појава на магла. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд и ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.