Влада

Честитка од премиерот Мицкоски по повод празникот Свети Климент Охридски

08.12.2024 11:14

Ликот и делото на Св. Климент охридски се силно врежани во македонската историја, тој е основоположник на македонска православна црква и на нашата писменост и култура, вели премиерот Мицкоски во празничната честитка...

Ликот и делото на Св. Климент охридски се силно врежани во македонската историја, тој е основоположник на македонска православна црква и на нашата писменост и култура, вели премиерот Мицкоски во празничната честитка.

„Денес, кога се соочуваме со бројни предизвици потребно е да го следиме неговото дело, кога со сплотеност и единство ги надминуваше и најсилните пречки. Свети Климент стана заслужен не само за македонскиот народ туку и за целиот христијански свет, насочувајќи го кон идното време“, истакна претседателот на владата.