Македонија

Граѓански здруженија против аерозагадувањето

13.12.2024 16:40

Последното обемно истражување на УНДП за аерозагадувањето покажа дека сообраќајот е една од главните причини за зголемените концентрации на ПМ 10 и ПМ 2,5 честиците. Десет граѓански организации бараат забрана на увоз на користени возила постари од 10 години и под „ЕУРО 5“ стандард.

Забрана за увоз на возила постари од 10 години и со „ЕУРО 5“ стандард, ограничување на увозот на нови возила со минимален „ЕУРО 6“ стандард, побараа граѓански здруженија. Велат, ова е во насока на намалување на аерозагадувањето кое предизвика сериозни здравствени проблеми, особено кај децата кои се најизложени, поради штетните честички кои се испуштаат во висина на нивните лица, а тие ги вдишуваат.

Јавниот превоз кој функционира во моментов, автобусите и такси превозниците, да се регулира по терк на регионот, каде веќе функционира јавен транспорт којшто не загадува, велат од О2 иницијативата.

Според претставници на О2 иницијативата, не е решение увозот на поевтини возила и покрај економските придобивки, туку подобрување на јавниот транспорт и воведување електрични автобуси.

Велат, здравјето на граѓаните мора да биде пред сè. За споредба, вакви услови во регионот имаат воведено Босна и Херцеговина, Албанија и Црна Гора.

Александра Спировска