Македонија

Судскиот совет демантира дека е извршен претрес, ОЈО ги презеде сите списи за „Таргет-тврдина“

13.12.2024 16:02

Судскиот совет ги демантира наводите за извршен претрес во нивните простории, велат дека постапиле по писмените барања на ОЈО. Нема да правиме естрада од случаите во кој е утврден криминал – вели премиерот Христијан Мицкоски...

Судскиот совет демантира дека во неговите простории е извршен претрес туку дека постапувале по писмени барања на Обвинителството. Од ОЈО потврдуваат дека истражител ги преземал сите списи од Советот во врска со постапките за утврдување на одговорност на судии кои постапувале во предметот „Таргет тврдина“ за кои Артан Груби и судијата Беџети завршија на црната листа на САД. Нема да правиме естрада од случаите во кој е утврден криминал – вели премиерот Христијан Мицкоски. Обелодени дека 10-тици случаи се работат во моментов, потенцирајќи дека земјата мора да се развива во вистински правец.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети од Гостивар побара одржување на предвремени избори, Владата направила блокадата на процесот на европска интеграција и напад врз Охридскиот мировен договор, кој предизвикал тензии во меѓуетничките односи. Мицкоски со одговор дека светот ја видел стратегијата на ДУИ која криминално владеела. Отфрла можност за предвремени парламентарни избори, а тест се локалните избори.

Ако на локалните избори граѓаните ни ја дадат довербата нам, тогаш опозицијата подобро да се сврти кон себе и сопственото партиско реформирање.

 

Миле А. Ристески