Рокас: Во тек се многу дипломатски активности за евроинтегративниот процес
Македонија е сè уште во игра за почеток на преговори, вели евроамбасадорот Рокас. Според него, се гледаат сите можни комбинации за земјава да ги надмине бариерите и да почне со отворањето на поглавјата…

Постојат многу дипломатски напори како побрзо да се исполни условот за уставни промени за отворање поглавја со Северна Македонија. Како ќе се постигне Бугарија да даде зелено светло за македонскиот предлог уставни промени со одложено дејство, ќе биде во фокусот и на претстојниот самит ЕУ-Западен Балкан во Брисел наредната недела, откри евроамбасадорот Рокас. Повтори дека за новото раководство на Европската комисија врвен приоритет е проширувањето, вклучувајќи и со Северна Македонија.
Реформите во судството се клучен критериум за идното зачленување на Северна Македонија во Унијата. Важно е судството да презеде акција за сите случаи на корупција, вклучувајќи за случајот со ставањето на Груби и Беџети на американската „црна листа“. Па во наредните месеци очекуваме да видиме брз процес за овој вид корупција, истакна евроамбасадорот Рокас.
ЕУ даде препораки од Мисијата за оценување како судството да биде целосно независно и зајакнато за да ја извршува својата улога.
Ирина Гелевска
