Се возат увезени возила стари најмалку 10 години
Преку 80 проценти од граѓаните возат увезени возила стари најмалку 10 години. Сето е во законски рамки, ама колку постаро возилото-повеќе загадува. Инаку, џебот на граѓаните не може а издржи со ново увезено возило …

Таква е ситуацијата на прилепските патишта, а не е многу поразлична и на македонските. Граѓаните ги купуваат зашто цените се попристапни на стандардот и домашниот буџет.
Возилата со преку 10 години често имаат дефекти, а тоа ја зголемува опасноста од загадување.
Граѓаните знаат за загадувањето, ама џебот е длабок само за возило од преку 10 години и главно, од Еуро 4 стандард.
Според царинската управа перманентно се зголемува увозот на возила, годинава за 10 проценти повеќе од лани. Од околу 50.000 увезени автомобили, преку 70 проценти се употребувани. Во земјава на сила е правилникот од 2008 за единечно одобрување возила со минимум Еуро 4 стандард.
Елизабета Митреска
