Временска прогноза

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

15.12.2024 08:55

На планините и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер...

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На планините и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер.

Кон крајот на денот облачноста ќе се намали и врнежите насекаде ќе престанат. Во Скопје променливо облачно со повремен дожд, а во повисоките делови од котлината од дожд и снег. Ќе дува умерен северен ветер.