МВР
Полицијата ќе добие нов кадар
15.12.2024 10:02
Од Владата велат има сериозен недостаток на кадар со потребни компетенции, без кој не може да се обезбеди ефикасна борба против корупцијата...

Полицијата ќе се освежи со помлад кадар. Деновиве ќе биде објавен конкурс за вработување на 600 лица. Од Владата велат има сериозен недостаток на кадар со потребни компетенции, без кој не може да се обезбеди ефикасна борба против корупцијата.
Причина за кадровското зајакнување е и заминувањето во пензија на дел од вработените.
