Семејното насилство се зголемува, жртви се децата
Во прилепско се зголемува пријавувањето семејно насилство, но, за жал, се зголемуваат и бројот на жртвите. Сега страдаат и децата. потребни се ригорозни казни, меѓуинституционална соработка и враќање на жртвите во секојдневното живеење.

Шест деца на возраст од 5 до 12 години годинава биле подложени на семејно насилство. Модринки, закани, психичко насилство. Воопшто, семејното насилство се зголемува во прилепскиот регион. Алармантни се податоците дека е зголемен бројот на пријави, на 84 годинава, без да се земат предвид поплаките, а насилството се префрла на децата.
Се зголемува свеста, повеќе се пријавува, но казните треба да содејствуваат со реалните состојби.
Прилеп нема ниту шалтер центар, а недостига и советувалиште, а и мала е примената на мерката за отстранување од домот на насилникот.
Социјалните работници трпат притисоци и закани. Меѓуинституционалната соработка е клучна да се справиме со семејното насилство.
Елизабета Митреска
