УНЕСКО

Итни мерки пред доаѓањето на новата мисија на УНЕСКО

15.12.2024 13:58

Потребни се итни мерки пред доаѓањето на новата мисија на Унеско во Охрид. Во старото градско јадро треба да бидат отстранети над 200 клима уреди, антени и соларни панели...

Над 200 клима уреди, антени и соларни панели од куќите во Стариот дел на градот Охрид треба да бидат отстранети. Ова е една од препораките на Унеско, од пред неколку години, кога беше нотирано дека е комплетно нарушена автентичноста и визуализацијата на старото градско јадро.

Завод и музеј ги преброи останува да се преземат итни мерки пред доаѓањето на новата мисија на Унеско во Охрид,

„Нашите ингеренции завршија со нивната евиденција направивме евиденција приоритети а сега другите институции треба да мислат како да се отстранат. Над 200 објекти имаат такви несоодветни соларни панели, колектори, бојлери кои ја нарушуваат сликата на градот“, вели Горан Патчев директор на Завод и музеј.

Еколозите велат треба да се води грижа, при реставрацијата на споменичните добра, куќите и сокаците во стариот град, да се користат идентичните – стари техники на градење за што е потребна дополнителна едукација.

Разни панели се поставуваат разладни апарати. Покривот не е соодветен ако што треба да биде и канделабрите ретко во стар град ќе сретнете нешто што асоцира на старо. Исто така и поплочувањето на старите градски улици не оди како што треба, Ванчо Стојаноски еколог.

За поголема заштита Завод и музеј Охрид изработи ГИС платформа во која ќе го евидентира и дигитализира културното наследство и археолошките локалитети во Охридскиот регион, во границите на Унеско.

 

Соња Рилковска