МВР

Полициска акција на МВР, разбиена терористичка организација

15.12.2024 14:42

МВР разби терористичка организација во Македонија. Четворица уапсени, организацијата била откриена со помош на меѓународните партнери. Според првичните информации, подготвувале терористички акции во и надвор од земјава...

Подготвувале акција за дестабилизација, а сакале да индоктринираат и следбеници кои ќе ги поддржуваат нивните терористички активности. Во соработка со меѓународните партнери, домашната полиција уапси четворица по претреси на повеќе локации во Струга и Гостивар.

Министерот Тошковски објасни дека уапсените се сомничат за формирање на терористичка организација која соработувала со ќелии поддржани од насилни екстремистички и верски групи.

Тошковски уверува дека постојат докази кои со кривичната пријава ќе се достават до обвинителството.

Анита Димитријевска - Велковска