Во октомври ќе се зголемат платите на јавната администрација
Додека во Србија и во други земји значително се намалуваат платите и пензите, во Македонија ќе се зголемуваат...

Со ребаланс на буџетот кој ќе се најде во Собранието најдоцна до 15 септември, српската влада ќе ги намали платите и пензите за 10 отсто. Српскиот премиер Александар Вучиќ се одлучи на поблага варијанта на намалување на платите и пензиите, откако не ги прифати мерките на министерот за финансии кои првично значеа поостри мерки во јавните трошоци. Намалување на платите и до 30 отсто, намалување на пензиите за најмалку 20 отсто, намалување на државната администрација за 30 отсто, односно откази да добијат 160.000 луѓе. Претходно мерките предвидуваа и и зголемување на цената на електричната енергија за 30 отсто.Ефектите од намалувањето на платите и пензиите ќе бидат отприлика две третини од потребното кратење на буџетскиот дефицит, а остатокот ќе се покрие од снижување на трошоците. Како што пренесуваат српските медиуми, економистите сметат дека реформската агенда се поклопува со мерките за долгорочна макроекономска стабилност која се предлага веќе со години.
Додека во Србија и во други земји значително се намалуваат платите и пензите, во Македонија ќе се зголемуваат. Oд октомври платите на јавната администрација ќе се зголемат, а од идната година предвидено е ново покачување и на пензиите. Според експертите предизвиците кои се случуваат на економски план во регионот и светот доведоа до намалување на платите и пензиите во повеќе држави.
Здравите економски политики и долгорочна макроекономска стабилност ќе овозможат реализација на поголем екононски раст кој годинава се очекува да достигне над 3,5 отсто.
Дијана Ценевска