Антивладини протести во Тирана
За првпат откако беше ослободен од куќниот притвор, на протестот му се приклучи и демократскиот лидер Сали Бериша кој најави непослушност во секоја можна форма...

Албанската опозиција одржа протести со маршеви и блокади на главните улици низ Тирана. За првпат откако беше ослободен од куќниот притвор, на протестот му се приклучи и демократскиот лидер Сали Бериша кој најави непослушност во секоја можна форма.
„Секаква форма на граѓанска непослушност е можна. Ќе се повлечеме само кога ќе се гласа за технократскиот кабинет. Слободни избори“, изјави Сали Бериша, лидер на главната опозициска конзервативна Демократска партија.
„Сите овие луѓе остануваат овде за соборување на премиерот Еди Рама кој со пари од дрога ја корумпираше државата, владата и странците. Сите негови министри се корумпирани“, изјави Рамадан Халилај, поддржувач на опозицијата.
Опозицијата која не доби дозвола за блокирање на улиците се судри со полицијата која се обиде да ја растури толпата, но ситуацијата брзо се смири.
