Годишно обраќање во Собранието

Сиљановска Давкова: Брисел е македонската стратешка дестинација

25.12.2024 13:40

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска пред пратениците го имаше своето годишно обраќање…

Членството во ЕУ беше и останува врвен државен приоритет. Брисел е македонската стратешка дестинација. Евроинтеграцијата е процес на учење, не само за кандидатите, туку и за членките на ЕУ. Потребен е консензус меѓу власта и опозицијата за државните интереси, истакна претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во своето годишно обраќање пред пратениците.

Патот до Брисел може да се изоди полесно и побрзо, ако сите ние функционираме како еден добро синхронизиран извежбан и искусен оркестар, на чиј репертоар редовно ќе биде владеење на правото, со кој треба да настапиме на финалниот концерт во Брисел, нагласи претседателката на државата.

Од Собранието известува Викторија Милевска