Спорот за името

Катимерини: Интересот на Меркел може да ги придвижи разговорите

28.07.2014 15:49

Во пресрет на посетата на посредникот Метју Нимиц на Скопје и на Атина, грчките медиуми коментираат што може да произлезе од новата рунда разговори.

Под наслов „Скопје и Германија“, весникот Катимерини пишува дека она што може да придонесе да се придвижат разговорите во рамки на Обединетите нации е интересот на германската канцеларка Ангела Меркел.

„Со оглед на семоќта на Германија во европските интеграции, нејзината улога во надминување на ќорсокакот може да се покаже решавачка , пишува Катимерини, додавајќи дека Меркел треба да ги земе во предвид дека на Грција во ваква економска ситуација не и треба притисок за решавање на важно национално прашање, дека поради неговата улога во спорот грчката јавност единствено ќе прифати договор потпишан од Самарас и дека имиџот на Германија во Грција ќе се подобри ако се изврши притисок врз Македонија, пишува Катимерини.