Од 1 јануари Македонија добива нов скијачки центар „Михајлово“
Подготовките за пуштање во употреба на новиот ски – центар Михајлово се во завршна фаза и официјалното отворање ќе биде на 1 јануари, соопшти градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, на социјалните мрежи...

Подготовките за пуштање во употреба на новиот ски – центар Михајлово се во завршна фаза и официјалното отворање ќе биде на 1 јануари, соопшти градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, на социјалните мрежи.
На својот фејсбук-профил Јанчев информира дека покрај природниот снег што овие денови интензивно паѓа на Кожуф, на „Михајлово“ се подготвува и фрлање од топови на дополнителен вештачки снег.
„На 1 јануари од 11 часот, на првиот ден од новата година, во срцето на Кожуф планина ќе биде официјалното отворање на скијачкиот центар ’Михајлово’ и првата скијачка патека која ќе го носи името ’Македонија’“, напиша Јанчев.
За сите заинтересирани за посета на ски-центарот „Михајлово“, Јанчев информира дека јавното претпријатие „Градски превоз“ од Кавадарци почнувајќи од 1 јануари ќе врши превоз на патници по официјален возен ред.
Фото: ФБ профил/Јанчев
