Муртезани: Уставни измени ќе има кога ќе бидеме сигурни дека нема да имаме потенцијално вето од Бугарија
Нагласи дека не држи ставот дека новата влада го блокирала патот кон Европската Унија.

Уставни измени ќе има кога ќе бидеме сигурни дека нема да имаме потенцијално вето од Бугарија и кога ќе изнајдеме решение кое ќе го гарантира завршетокот на овој процес, порача денеска министерот за европски прашања и главен преговарач со Европската унија, Орхан Муртезани.
Нагласи дека не држи ставот дека новата влада го блокирала патот кон Европската Унија.
Тоа е како вие да сте ги отвориле сите поглавја и сега ние сме тие што го саботираме овој процес, што не е вистина. Има само разлика во пристапот кој ние го имаме од она што е направено досега. Ние не се служиме со ПР како вие, туку велиме дека ќе се обидеме да изнајдеме решение – рече Муртезани.
Дека новата Влада работи на изнаоѓање на решение, како што кажа, имаат потврдено сите европски и американски претставници кои ја посетиле земјава.
