Словачка потврди дека се согласила да биде домаќин на мировни преговори за Украина
Словачка потврди дека се согласила да биде домаќин на евентуални мировни преговори за Украина, откако рускиот претседател Владимир Путин претходно оцени дека е „прифатливо“ таа да стане „платформа“ за дијалог...

Словачка потврди дека се согласила да биде домаќин на евентуални мировни преговори за Украина, откако рускиот претседател Владимир Путин претходно оцени дека е „прифатливо“ таа да стане „платформа“ за дијалог.
„Ако некој сака да води мировни преговори во Словачка, ќе бидеме подготвени и ќе укажеме добредојде“, објави премиерот Роберт Фицо на Фејсбук.
Словачкото Министерство за надворешни работи посочи дека овој дијалог треба да се одвива „со учество на Русија“, за разлика од самитот што е закажан во Швајцарија за јуни 2025-та година.
