Струмица

Во Струмица новогодишен базар - промоција на бизнис идеи на млади жени

29.12.2024 17:50

Во Струмица се одржа новогодишен базар на кој 30-тина млади жени ги презентираа своите производи, преработки но и вештини. Сите тие или планираат или веќе отвориле свои бизниси користејќи ја креативноста како адут на новото време...

Веќе две години студентката Марија Велкова од Струмица изработува декоративни мирисливи свеќници. Користи органски восок. Идејата за ваков бизнис за кој планира да отвори и продавница ја добила од ТикТок.

Својата креативност ја изложи и Ивана Ангова. Таа се занимава за плетење иако е дипломиран графичар. Отвори и ателје каде држи предавања за традиционално плетење.

Во пресрет на празниците „Новус“ од Струмица на едно место собра 30 тина жени да го презентираат својот бизнис.

Проектот „Женска креативна моќ“ што го спроведе Новус, опфати 100 тина девојчиња кои добија дополнителни вештини за да бидат конкурентни на пазарот на труд.

Ване Трајков