Економија

Од ефектот на Новогодишната кошничка, ќе се процени дали ќе се продолжи со Велигденска и Рамазанска

30.12.2024 16:55

Покачување на минималната плата ќе има од март. Од Нова година инспекциските контроли ќе казнуваат за непочитување на Законот за нефер трговски практики. Од ефектот на Новогодишната кошничка, ќе се процени дали ќе се носи одлука за замрзнување на цените или ќе се продолжи со Велигденска и Рамазанска – велат од Министерството за економија...

По тримесечните опомени КЗК од Нова година ќе санкционира ако не се почитува Законот за нефер трговски практики. Од ефектот на Новогодишната кошничка, ќе се процени дали ќе се носи одлука за замрзнување на цените или ќе се продолжи со Велигденска и Рамазанска – велат од Министерството за економија. Очекуваат в година да обезбедат подобар стандард преку поддршка и повеќе вработувања. Но граѓаните со поделени мислења, ако се намали сивата економија ќе имаме подобра година на економски план.

Инвестициите влеваат надеж. Можеме да очекуваме економско заздравување, но не треба да се занемари рецесијата на дел од големите економии, е ставот на економистите.

31 милион евра или шест повеќе од лани се предвидени за подобрување на пазарот на труд со квалификувана работна сила. Минималната плата од 22.567 ќе се зголеми на 24.400 денари во март, но финалните пресметки ќе се прават според индексот на трошоци во февруари-велат од Економија. Неопходно е зголемување на производството за намалување на увозот и цените – една од поентите на денешниот брифинг со новинарите на министерот Дурмиши.

 

 

Александра Велинова