Јужна Кореја
Јужнокорејскиот суд издаде налог за апсење на отповиканиот претседател Јун Сук Јеол
31.12.2024 08:37
Јужнокорејскиот суд издаде налог за апсење на отповиканиот претседател Јун Сук Јеол, кому му беа одземени претседателските овластувања поради неговата краткотрајна уредба за воена состојба која ја фрли земјата во политички хаос...

Јужнокорејскиот суд издаде налог за апсење на отповиканиот претседател Јун Сук Јеол, кому му беа одземени претседателските овластувања поради неговата краткотрајна уредба за воена состојба која ја фрли земјата во политички хаос.
Одлуката за негово апсење според Канцеларијата за истраги за корупција, доаѓа по неговото одбивање на неколкуте покани од истражителите со барање за негова соработка.
Ова е првпат властите да се обидат да приведат актуелен јужнокорејски претседател.
