Македонија
Автомобил излета во Вардар на патот Рашче - Сарај
02.01.2025 21:05
Тешка сообраќајна несреќа покрај реката Вардар, во скопско автомобил со петчлено семејство падна во Вардар...

Тешка сообраќајна несреќа покрај реката Вардар, автомобил со четири лица од едно семејство од скопски Грчец излета од локалниот пат мегу Рашче и Сарај и падна во Вардар. Петтиот патник, бил петгодишно дете кое излетало од автомобилот пред тој да падне во реката.
Детето го пронашле минувачи, кои повикале брза помош и тоа било однесено во болницата „8-ми Септември“.
