несреќа

Трагедија кај Рашче: Автомобил и три мртви тела извлечени од Вардар

03.01.2025 08:01

Се трага по четврто машко лице кое најверојатно излетало во водите на Вардар, велат од Центарот за управување со кризи. Претходно, од случајни минувачи било пронајдено 4-годишно дете кое најверојатно испаднало од возилото, пред тоа да падне во Вардар...

Возилото кое вчера попладне излета во Вардар на патот Рашче-Сарај и три женски тела синоќа беа извлечени од реката. Се трага по четврто машко лице кое најверојатно излетало во водите на Вардар,  велат од Центарот за управување со кризи. Претходно, од случајни минувачи било пронајдено 4-годишно дете кое најверојатно испаднало од возилото, пред тоа да падне во Вардар.

Било донесено во ГОБ „Свети Наум Охридски“ од случајни минувачи, а подоцна било префрлено на Клинички. Детето е во стабилна состојба, без животозагрижувачки повреди.