Берово и Виница ќе добијат индустриски зони

29.07.2014 12:05

Во текот на август ќе се распише постапка за изнаоѓање на економски оператор кој ќе ги изгради двете зони. За нив се обезбедени еден милион евра...

Двe нови индустриски зони ќе се отворат во источниот дел на земјава. Берово и Виница ќе бидат новите зони во кои што ќе се привлекуваат странските инвестиции.

Во текот на август ќе се распише постапка за изнаоѓање на економски оператор кој ќе ги изгради двете зони. За нив се обезбедени еден милион евра.

„Согласно акцониот план и динмиката на активностите во август ќе се распише тендер за компаниите кои сакаат да се вклучат во изгрдбата на инфрастрктурата на технолошко индустриските развојни зони Берово и Вница. Ова е одлична можност домашните компании да се пријават на тендерот и да си обезбедат работа“, изјави портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев.

Во август ќе почне изградбата и на зоните во Струга и Радовиш. Со ова ќе се заокружат вкупно  14 зони. Петнаесеттата ќе биде отворена во Делчево.