Утре ќе се знае кој производ предизвикува листерија
Изминативе денови се прави генетска типизација на двете мостри колбаси од домашен производител...

До среда ќе бидат познати резултатите дали ист производ ги заразил досега заболените од листерија. Фармерите тврдат месото е добро, се оградуваат од замрзнатото месо, додека граѓаните не го менуваат своето мени.
Изминативе денови се прави генетска типизација на двете мостри колбаси од домашен производител во кои е пронајдени бактеријата листерија, за да се утврдува дали овие мостри се поврзани со заболените.
„Oвие производи подлежат на дополнителна термичка обработка со која се претпоставува дека листеријата би се уништила. Производите не се на пазарот, мораме да ја чекаме типизацијата која ќе ја имаме во среда попладне за да можеме да кажеме дали има или не врска со случаите“, изјави Дејан Рунтевски, директор на Агенција за храна и ветеринарство.
