Нимиц: За идентитетот не се преговара, прашањето за името засега многу земји!

29.07.2014 14:57

На средбите во претседателот на владата, шефот на државата, министерот за надворешни работи и новиот специјален пратеник во разговорите, на Нимиц му била пренесена пораката од македонска страна дека до решение може да се дојде само со конструктивност од двете страни...

Нема нов предлог за името, но имавме суштински разговори околу можните решенија на спорот. Мандатот што ми го дадоа Обединетите Нации е решавање на разликата околу името, но не идентитетот на една држава, нагласи посредникот Метју Нимиц по средбите со државниот врв во Скопје.

„Треба да бидеме јасни, мандатот на ОН е јасен и се однесува на името на државата. Треба да разгледаме што е она што треба да се разреши. Оваа држава кога стана независна беше примена во ОН под привремената формулација ФИРОМ. Во ОН тоа е јасно дека тоа не е името на државата, туку е една времена ознака. Она што треба да се реши при медијацијата е името на државата“, рече на прес-конференцијата специјалниот пратеник на Генералниот секретар на ОН за спорот со името, Метју Нимиц.

Запрашан за коментар за последната изјава на грчкиот премиер Самарас дека македонскиот јазик не постои, медијаторот Нимиц со одговор:

„Јас сум тука во Скопје. Знам дека луѓето имаат свој јазик. Во текот на цело време на преговорите постоеја изјави кои го одвлекуваа вниманието од главната цел, а тоа е изнаоѓање на решение“, вели медијаторот Нимиц.

На средбите во претседателот на владата, шефот на државата, министерот за надворешни работи и новиот специјален пратеник во разговорите, на Нимиц му била пренесена пораката од македонска страна дека до решение може да се дојде само со конструктивност од двете страни.

Се надевам на конструктивност и од грчка страна истакна Нимиц пред заминувањето за Атина.

Медијаторот Нимиц потврди дека Германија, но и други држави, се заинтересирани за што побрзо решавање на спорот со името.

Ирина Гелевска