Блиски Исток

Израел продолжува со нападите во Газа

06.01.2025 09:16

Во воздушни напади вчера регистрирани се жртви во бегалскиот камп Нусејрат во централна Газа, во јужниот град Кан Јунис и во бегалски камп во централна Газа...

Израел ги продолжува акциите во Газа. Објави снимки од трупи на северот од енклавата. Во воздушни напади вчера регистрирани се жртви во бегалскиот камп Нусејрат во централна Газа, во јужниот град Кан Јунис и во бегалски камп во централна Газа.

Генералштабот на израелската војска нареди армијата да биде во состојба на готовност во случај Иран да преземе екстремни мерки против Израел во наредните денови.