Македонија
Груби е на пат да добие отказ, поради отсуство од работа на Тетовскиот универзитет
08.01.2025 08:50
Со непојавувањето на работа, Груби не ги почитува обврските од Законот за работни односи и законот за високо образование, посочуваат од Универзитетот...

По 13 години работен ангажман на Тетовскиот универзитет, Артан Груби е на пат да добие отказ. Причината за постапката за отказ е неговото отсуство, не се појавил откако замина од Македонија, па се распиша потерница по него. Осомничен е за сторени злоупотреби.
Груби е доцент на правниот факултет, на отсекот новинарство. Со непојавувањето на работа, Груби не ги почитува обврските од Законот за работни односи и законот за високо образование, посочуваат од Универзитетот.
