мвр
Фатен крадец на дело во Куманово, следува соодветна пријава
09.01.2025 21:34
Тој бил затекнат при обид да одземе предмети од приватен имот во населба „Перо Чичо“ и исто така се сомничи дека од приватен имот на улица „Народна револуција“ одзел повеќе предмети...

Вчера во 13.40 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Б.(28) од Куманово. Тој бил затекнат при обид да одземе предмети од приватен имот во населба „Перо Чичо“ и исто така се сомничи дека од приватен имот на улица „Народна револуција“ одзел повеќе предмети.
С.Б. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, информираат од МВР.
