МВР

Приведени двајца стружани поради предизвикување семејно насилство

09.01.2025 21:16

Од СВР Охрид информираат дека вчера во 14 часот и 30 минути бил лишен од слобода С.К.(42) од Струга, по пријава дека во семејната куќа со остар предмет се заканувал на негов 46 – годишен братучед од Струга, а оштетил и дел од покуќнината.

Струшката полиција приведе две лица од Струга по претходни пријави за семејно насилство во два одделни случаи.

Од СВР Охрид информираат дека вчера во 14 часот и 30 минути бил лишен од слобода С.К.(42) од Струга, по пријава дека во семејната куќа со остар предмет се заканувал на негов 46 – годишен братучед од Струга, а оштетил и дел од покуќнината.

Еден час претходно приведен бил и Б.Ш.(49), по претходна пријава дека со работен алат се заканувал на членови на неговото семејство.

По целосно документирање на двата настани, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.