Временска прогноза

Променливо облачно со повремен дожд

10.01.2025 08:17

Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремен локален дожд, на повисоките планини слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а во југозападните делови повремено засилен ветер од јужен правец...

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремен локален дожд, на повисоките планини слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а во југозападните делови повремено засилен ветер од јужен правец.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла, а кон крајот на денот со повремен слаб дожд.