Конститутивна седница на Клубот на пратенички
Во Собранието денеска ќе се одржи конститутивна седница на Клубот на пратенички...

Во Собранието денеска ќе се одржи конститутивна седница на Клубот на пратенички.
Клубот на пратенички е неформална група во Собранието на Република Северна Македонија, составена од сите пратенички, независно на која пратеничка група припаѓаат.
Клубот на пратенички е формиран на 7-ми март 2003 година во рамките на регионалниот проект на Пактот за стабилност – Маса за родова рамноправност, со помош на локалните партнери Македонско женско лоби, СОЖМ и Одделението за унапредување на рамноправноста меѓу половите при Министерството за труд и социјална политика.
Во изминатите пет години, Клубот на пратенички имаше за цел да ја разгледа постојната и да предложи нова законска регулатива во областа на родовите прашања.
Клубот на пратенички делува со заедничка и единствена цел – преку законски решенија да се постигне родова еднаквост и унапредување на правата на жените, нивно активно вклучување во процесот на одлучување во државата како и зајакнување и ширење на демократијата во сите сфери на македонското општество.
