УПОЗ

Најавен штрајк во седум министерства

10.01.2025 08:48

Одлуката за протести е донесена по состанокот на УПОЗ со синдикалната организација на министерствата. Ќе штрајкуваат вработените од министерствата за економија, правда, администрација, животна средина, култура, земјоделство, образование, локална самоуправа, труд и социјална политика...

Вработените во седум министерства во вторник излегуваат на протест, незадоволни се поради ниските примања. Одлуката за протести е донесена по состанокот на УПОЗ со синдикалната организација на министерствата. Ќе штрајкуваат вработените од министерствата за економија, правда, администрација, животна средина, култура, земјоделство, образование, локална самоуправа, труд и социјална политика.

Бараат зголемување на платите за 30 проценти и потпишување на колективен договор.

Според најавите, протестот ќе почне на 14-ти јануари и ќе трае само половина час, односно од 11 до 11 и 30 минути и сите вработени ќе протестираат пред објектите каде што работат. Вработените во Државното правобранителство веќе се во штрајк.