МВР

Кривична пријава за тројца по претепаното бездомно куче Феликс, што почина вчера

10.01.2025 09:04

Инцидентот ја шокираше јавноста откако се појави снимка на која се гледа како вработен брутално го претепува кучето со метална шипка. кучето, кое подоцна го доби името Феликс угина во стационарот на ЈП „Лајка“, месец и половина по инцидентот...

Кривична пријава е поднесена против тројца осомничени за крвничко дело претепување на бездомното куче Феликс во кругот на фирма во индустриската зона Момин Поток.

Инцидентот, кој се случи во ноември, ја шокираше јавноста откако се појави снимка на која се гледа како вработен брутално го претепува кучето со метална шипка. кучето, кое подоцна го доби името Феликс угина во стационарот на ЈП „Лајка“, месец и половина по инцидентот.

Од МВР информираат дека пријавата е поднесена за кривичното дело „мачење животни“ за кое е предвидена парична казна или затвор до шест месеци.

 

 

 

 

 

 

Фото:/ ЈП „Лајка“