Загадување

Аерозагадувањето рак-рана за Македонија

10.01.2025 09:42

Лекарите предупредуваат дека аерозагадувањето може да има значителни последици за респираторниот и кардиоваскуларниот систем, особено за оние кои веќе имаат хронични болести...

Извесен период главниот град се гуши во загаден воздух. Мерните станици во Скопје покажуваат опасно ниво на штетни честички. Лекарите предупредуваат дека аерозагадувањето може да има значителни последици за респираторниот и кардиоваскуларниот систем, особено за оние кои веќе имаат хронични болести.

Од Светската здравствена организација предупредија дека во земјава годишно има над 3 илјади смртни случаи поврзани со аерозагадувањето. Експертите предупредуваат – доколку не се преземат итни мерки за намалување на загадувањето, последиците може да бидат катастрофални.

Се апелира граѓани да останат во своите домови, да избегнуваат активности на отворено, а доколку излегуваат да носат заштитни маски.