Животна средина
Прекинување на прагот на алармирање за аерозагадување во Струмица
10.01.2025 10:36
Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) соопшти дека прагот на алармирање за екстремна загаденост со РМ10 честичките во Струмица е прекинат...

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) соопшти дека прагот на алармирање за екстремна загаденост со РМ10 честичките во Струмица е прекинат.
„Согласно податоците од ДАМСКВ на ден 9.01.2025 г., среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 мg/m3, и епизодата од два последователни денови со надминување на прагот на алармирање за РМ10 е прекината во Струмица“, соопштија од Министерството.
