Туризам

Македонија има потнецијал за атрактивна туристичка дестинација

29.07.2014 19:09

Генералниот секретар на светската туристичка организација Талеб Рифаи не ги крие импресиите стекнати во земјава...

Македонија има потенцијали кои не се до крај искористени. Земјата треба да испрати суптилна порака до светот за да се етаблира како атрактивна туристичка дестинација. Генералниот секретар на светската туристичка организација Талеб Рифаи не ги крие импресиите стекнати во земјава. По два дена си заминува со јасна порака – имаме производ, кој треба да го спакуваме и да им го продадеме на гостите.

„Растргнат сум меѓу две чувства. Едното дека посетив место за кое малкумина слушнале, и второто што посакав во тој момент целиот свет да биде со мене. Најголемиот предизвик што Македонија го има е промоцијата. За Македонија треба туристите да слушнат“, вели Талеб Рифаи, генерален секретар на Светската туристичка организација.

Европски феномен е бројот на домашните туристи да опаѓа, а да расте бројот на странските гости, констатира Рифаи. Причината за ова ја гледа во кризата што помина. Исто така, не смета дека бројот на авионски несреќи ќе влијае на глобалниот туризам. Според него, ќе отвори прашања кај самите авиопревозници да ги ревидираат регулативите и трасите на летање како и цените на билетите за некои поспецифични дестинации.

Анита Димитријевска