Свет

Привршуваат преговорите за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас

12.01.2025 10:16

Израелскиот премиер Нетанјаху му одобри на директорот на разузнавачката агенција Мосад да оди во Катар на преговорите, соопштија од неговиот кабинет.

Деталите за договорот за прекин на огнот во Газа и размена на заробеници меѓу Израел и Хамас се речиси готови, објави израелски весник.

Израелскиот премиер Нетанјаху му одобри на директорот на разузнавачката агенција Мосад да оди во Катар на преговорите, соопштија од неговиот кабинет.

Извештаите говорат дека сите страни се обидуваат да постигнат договор пред Трамп да ја преземе функцијата на 20-ти јануари.

Напорите за посредување предводени од САД, Египет и Катар за постигнување прекин на огнот во Газа досега не дадоа резултат поради одбивањето на Нетанјаху да стави крај на војната.