Украина-Русија

Продолжуваат нападите со дронови

12.01.2025 18:38

Во Доњецк руските сили се прегрупираат, опколувајќи го Покровск. Продолжени борби и во руската Курска област. И двете страни тврдат дека заробиле војници, додека Украина соопшти дека добиле непосреден доказ за учество на Северна Кореја во конфликтот.

Украина изврши нови напади со дронови во Русија, погодена е рафинерија за нафта во Татарстан. Москва возвраќа во Сумската област и источните предградија на Запорожје. Киев призна дека силите на Москва уништиле дел од нејзините позиции во правец на Купјанск, Краматорск и Торецк.

Во Доњецк руските сили се прегрупираат, опколувајќи го Покровск. Продолжени борби и во руската Курска област. И двете страни тврдат дека заробиле војници, додека Украина соопшти дека добиле непосреден доказ за учество на Северна Кореја во конфликтот.

Истовремено, руското МНР нагласи дека американските санкции нема да останат без одговор.