Македонија

Вработените во шест министерства и во ДЗС утре на протест

13.01.2025 16:47

Вработените во шест министерства и во Државниот завод за статистика утре излегуваат на протест, го бараат додатокот на плата од 30 проценти. Министерот кој е задолжен за администрацијата Минчев признава дека платите се мали, но, вели сумата што се бара е преголема…

Вработените од шест министерства и Државниот завод за статистика излегуваат на протест. Го бараат додатокот на плата од 30%. Од синдикатот на УПОЗ велат дека остануваат на одлуката на овој начин да го изразат револтот, бидејќи платите се ниски и е неопходно да се зголемат.

Од Синдикатот на УПОЗ посочуваат дека нема никаква правна пречка за потпишување на колективни договори, со кои би се зголемила платата, без разлика за кој дел од јавниот сектор станува збор.

Министерот за јавна администрација претходно рече дека имал средба со претседателот на синдикатот на УПОЗ, на која се договориле во писмена форма да ги достават забелешките за со кои не се согласуваат. Се договориле за нова средба деновиве.

Министерот Минчев се согласува дека платите на вработените се ниски, но смета дека сумата што ја бара УПОЗ е преголема.

Борис Грујоски