Македонија

Измени на Законот за странци

13.01.2025 14:49

За да се забрза изградбата на автопатиштата под надлежност на „Бехтел и Енка“, Владата најавува промени во Законот за странци. Новите измени, објавени на платформата ЕНЕР, имаат за цел да ги олеснат процедурите за ангажирање странски работници...

Предлог-законските измени за странци поставени на ЕНЕР. Со нив треба да се олеснат условите за ангажман странски работници, процедурите и критериумите за привремен престој заради работа. Со ова треба да им се излезе во пресрет на барањата на стратешки партнери, меѓу кои е и конзорциумот „Бехтел и Енка“ што ги гради автопатиштата.

„По констатираните неусогласености на постапката за поднесување и одобрување на привремен престој заради работа, содржана во Законот за странци и обврските преземени согласно одредбите од Законот за утврдување јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот коридор 8 и коридор 10-д во РСМ во делот на ангажирање, односно вработување на лица-странци како работна сила, воедно и поради сложеноста и обемноста на документацијата потребна во постапката за поднесување и одобрување на привремен престој, согласно одредбите од Законот за странците, изготвен е предлог-текст за измени и дополнувања на Законот за странците“, стои во соопштението од МВР.

Агенцијата за вработување ќе има обврска на месечно ниво до МВР да доставува известување за лица, за кои во законски предвидениот рок не е извршено пријавување на почетокот на работата, и за лицата за кои е извршено одјавување пред истекот на рокот во кој е издадена дозволата за привремен престој заради работа.

Во земјава најмногу работници доаѓаат од Турција, Косово, Србија, Албанија.

 

 

Александра Спировска