Снежен бран

Македонија под снег, екипите на терен работат на обезбедување проодност на патиштата

13.01.2025 16:24

Македонија завена во снег. На дел од патиштата забрани за тешки товарни возила. Надлежните уверуваат – сите служби се ставени во погон, граѓаните со поделени мислења...

Екипите на терен работат на обезбедување проодност на патиштата, но и за расчистување на тротоарите. Граѓаните со поделени мислења, некои велат дека годинава службите не биле изненадени од снегот, други сметаат дека имаат уште работа.

Оние кои лебот го вадат на скопските улици, превезувајќи патници велат дека на периферијата и во некои скопски општини сè уште има неисчистени коловози.

Од „Македонијапат“ уверуваат дека патиштата низ државава се проодни, но на дел од патните правци има забрани за движење на тешки товарни возила.

Од Центарот за управување со кризи информира дека службите интервенирале кај постаро лице во кочанско Полаки, кое останало заглавено во домот поради снежните наноси.

 

Анита Димитријевска – Велковска