Прилеп
Превојот Плетвар прооден за возила
13.01.2025 15:55
Превојот Плетвар е прооден, постојано се чисти коловозот. Екипите на „Македонијапат“ велат дека имаат и материјал и механизација да ги одржуваат патиштата во прилепскиот дел од пелагонискиот регион.

Се чисти снегот, се посипува коловозот. Раздвижено на Плетвар. Потребно е да се биде чекор и пред новите врнежи. Превојот Плетвар е прооден за возилата. Ако треба, има и помош за тешките товарни возила.
Екипите на „Македонијапат“ велат дека се подготвени непречено да го одржуваат сообраќајот на Плетвар. Нема проблеми и на другите магистрални патишта во прилепско-крушевскиот регион.
Патниците со свои искуства при преминот на Плетвар.
Дел од екипите на „Македонијапат“ го чистеа и патот за Мариово.
Елизабета Митреска
