БЛИСКИ ИСТОК

Израел и Хамас на чекор од прекин на огнот

14.01.2025 08:13

Наредните денови ќе бидат клучни за ставање крај на војната која трае повеќе од 15 месеци и го дестабилизира целиот Блиски Исток. Се очекува Хамас да ослободи 33 заложници за време на првата фаза која би траела 42 дена...

Израелските власти тврдат дека договорот за прекин на огнот во Газа е блиску. Наредните денови ќе бидат клучни за ставање крај на војната која трае повеќе од 15 месеци и го дестабилизира целиот Блиски Исток. Се очекува Хамас да ослободи 33 заложници за време на првата фаза која би траела 42 дена.

„Во војната меѓу Израел и Хамас, ние сме на работ на предлог што детално го изложив пред неколку месеци и кој е на чекор од остварување. Низ годините поминати во јавна служба научив никогаш да не се откажувам. Палестинскиот народ заслужува мир и право да ја одредуваат сопствената иднина. Израел заслужува мир и вистинска безбедност. И заложниците и нивните семејства заслужуваат повторно да се обединат. И затоа работиме итно да го затвориме овој договор“, изјави Џо Бајден, претседател на САД.

На терен и натаму жестоки борби. Расте црниот биланс.