Боливија

Во Боливија демонстрации против економската криза и за поддршка на Моралес

14.01.2025 09:25

Протестите следуваат на помалку од седум месеци пред општите избори и судско рочиште против Моралес, за што приврзаниците сметаат дека е политички прогон...

Масовни демонстрации во Боливија против економската криза во земјата и за поддршка на поранешниот претседател Ево Моралес. Полиција употреби солзавец и уапси неколкумина демонстранти.

Протестите следуваат на помалку од седум месеци пред општите избори и судско рочиште против Моралес, за што приврзаниците сметаат дека е политички прогон.

Поранешниот претседател и неговите следбеници ја обвинуваат владата на Луис Арсе за политичко-судски заговор да го отстрани од трката за претседателските избори во август.