УКРАИНА
Масовен руски напад врз Украина, прогласена тревога
15.01.2025 08:37
Масовен руски напад со крстосувачки ракети и беспилотни летала врз Украина...

Масовен руски напад со крстосувачки ракети и беспилотни летала врз Украина. Прогласена е тревога низ целата земја. Експлозии во Харков, вториот по големина украински град со еден милион жители, ракети истрелани и кон регионот на Киев.
Се стравува дека можна цел е киевската хидроцентрала на реката Днепар на северот од земјата.
