Се враќа дебатата за границата за пензионирање во Франција
Новиот француски премиер Франсоа Бајру најави повторно преговарање за спорниот план за зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години...

Новиот француски премиер Франсоа Бајру најави повторно преговарање за спорниот план за зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.
„Решив оваа тема да ја вратам на дневен ред за кратко време. Пристапот ќе се заснова на неспорни факти и бројки. Ќе побарам прецизна состојба на финансирањето на пензискиот систем“, изјави Франсоа Бајру, премиер на Франција.
Новата француска влада треба итно да го усвои предлог-законот за буџетот за 2025 година, за намалување на дефицитот и одбранбените мерки потребни во време на војната во Украина, како и ветената помош за земјоделците.
