ЈУЖНА КОРЕЈА
Уапсен отповиканиот претседател Јун Сук Јеол
15.01.2025 08:38
Јужнокорејските власти го уапсија отповиканиот претседател Јун Сук Јеол под обвинение за бунт...

Јужнокорејските власти го уапсија отповиканиот претседател Јун Сук Јеол под обвинение за бунт. Јун рече дека ќе соработува во истрагата за да избегне крвопролевање и да се стави крај на неколкунеделниот политички ќор-сокак.
Прогласувањето на воена состојба од страна на Јун донесе период на политички превирања. На 14-ти декември пратениците гласаа за негово отповикување и оттогаш тој е суспендиран од функцијата.
