УКРАИНА

Русија во едно деноноќие извршила 319 напади врз областа Запорожје

20.01.2025 09:34

Во нападите нема повредени, но оштетени се станбени згради и инфраструктура...

Руските сили во изминатите 24 часа извршиле 319 напади врз 11 градови и села во областа Запорожје во Украина. Во нападите нема повредени, но оштетени се станбени згради и инфраструктура.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили во текот на ноќта собориле 31 украински беспилотно летало над руска територија.

Врховниот командант на вооружените сили на Украина, Сирски, изјави дека Украина нема средства да ја пресретне руската балистичка ракета Орешник.